Милевски: Се радувам на првата средба со фудбалерите… За мене оваа функција е пред се гордост (ВИДЕО)

Благоја Милевски го презема кормилото на фудбалската А-репрезентација на Македонија. Тој во изјава за ФФМ вели дека за него преземањето на оваа функција претставува пред се гордост и исполнетост.

„За мене оваа функција е пред сè гордост и исполнетост. И од спортски и од национален, но и од човечки аспект.Се радувам на првата средба со фудбалерите, се радувам на позитивната атмосфера и со нетрпение го очекуваме првиот собир. Тие се созреани како личности, а тоа е позитивно за нашата работа. Карактерно се селектирани, а токму тоа и треба на македонската репрезентација“, изјави Милевски. 
Милевски своето деби на кормилото на фудбалската репрезентација на Македонија ќе го има на 2. септември на домашен терен против репрезентацијата на Ерменија.

Се вчитува...