Милевски: Во модерниот фудбал нема место за потценување, момците се свесни дека само со максимум може до победа!

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Македонскиот селектор Благоја Милевски на официјалната прес-конференција во Гибралтар потенцираше дека Македонија ќе игра секако на победа на утрешниот дуел во малата пиринејска земја, но никој нема ниту има право да го потцени противникот кој

Македонија игра четири натпревари во јуни, па сигурно се очекуваат и одредени ротации во националниот тим за утрешниот дуел.

„Имаме секако одреден број фудбалери кои имаат проблеми токму во овој период кој доаѓа на крај од сезона, но секогаш се тука да го дадат максимумот за македонскиот дрес. Ќе играат оние кои во моментов се најподготвени и воопшто нема да има никакви експерименти со составот, и експерименти и калкулации во однос на желбата за игра и секако победа“ – истакна Милевски, притоа дополнувајќи:

„Во денешниот фудбал нема место за потценување на никого. Гибралтар покажа дека има одреден квалитет, и ние секако го почитуваме утрешниот противник и нема место ниту најмало за опуштање. Гибралтар се она што го направи во фудбалот покажа дека никој нема право да го потцени, и никој нема право така да се однесува кога е таа селекција во прашање. Момците се свесни дека само со максимум и никако поинаку не може да се дојде до победа. Момците знаат дека кога се игра во македонскиот дрес се игра до крај од срце, без потценување на ниту еден противник“.

Се знае дека противникот ќе се брани во текот на сите 90 минути…

„Ниту еден меч и ниту еден противник не е ист. Ние се подготвуваме за секој натпревар различно, и така ќе биде и утре. Момците се свесни дека треба да го дадат максимумот, и сите кои биле тука пред четири години знаат дека е тежок терен за игра. Но, тоа што го знам е дека, без разлика кој ќе настапи, иако е ова тежок период за игра во кој нема и можност за подготовка меѓу средбите, секој од нив ќе го даде сето срце за победа“ – вели Милевски.

 

Се вчитува...