„Милионерите“ го најдоа лекот за „фармацевтите“ (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд продолжи со победничката серија во 2023 година, откако попладнево го совладаа составот на Баер Леверкузен на гостински терен со 0-2. Со тоа ја прекинаа серијата на „фармацевтите“ која беше пет победи по ред, вклучувајќи ги и мечевите од претходната година.

„Милионерите“ со по еден гол во двете полувремиња, дојдоа до победата. Адејеми во 33. минута успеа да го совлада Храдецки, после одличната акција и чувството на Але. На 2-0 зголемија гостите од Дортмунд во 53. минута со автогол на Тапсоба. 

Во победата на Дортмунд голем придонес даде и голманот Грегор Кобел кој одбрани два „зицери“, додека на спротивната страна Борусија имаше уште две супер шанси за да дојде до поубедлива победа.

Себастијан Але стартуваше во првите 11, и тоа беше прв старт за играчот по неговото пристигнување на „Вестфален“, а првиот дел од сезоната го пропушти поради ракот на тестисите.

Се вчитува...