„Милионерите“ го освоија Мајнц и ја направија интересна битката за титулата во Бундеслигата (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд по се изгледа ќе ја направи интересна битката за титулата во германската Бундес-лига, откако вечерва славеше на гостувањето кај Мајнц со 0-1 во заостанатиот натпревар од 25. коло.

Херој за „милионерите“ беше Аксел Витсел кој победничкиот погодок го постигна во 87. минута. Со оваа победа Дортмунд му се приближи на само четири бода на првопласираниот Баерн Минхен и се очекува последните осум кола да бидат и повеќе од интересни во германската елита.

 

 

 

 

 

Се вчитува...