„Милионерите“ за едно полувреме го решија Бохум, Баерн Минхен го освои Берлин (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд запишаа лесни победи во битката за врвот во 13. коло од Бундеслигата.

Баерн Минхен си ја зачува позицијата на врвот од табелата во германскиот шампионат, откако триумфираше со 2-3 на гостувањето против Херта во Берлин.

Фуриозно почнаа Баварците, со 0-3 во првите 40 минути од средбата, кога со головите на Мусиала во 12. минута, и двата на Чупо-Мотинг во 37. и во 38. минута дојдоа до убедлива предност.

Но, зачудувачки пред полувремето дозволија два погодоци на домашните во својата мрежа, кои се покажаа потоа и како конечен резултат, без ниту еден гол на двете страни во второто полувреме.

Борусија Дортмунд, пак, без апсолутно никакви проблеми дојде до убедлива победа од 3-0 против Бохум.

Мукоко во 8. минута погоди за водство од 1-0, а Рејна веќе во 12. минута донесе 2-0. Конечните 3-0 ги постави Мукоко со својот втор гол во 45. минута.

ГЕРМАНИЈА – 13. КОЛО

Аугсбург – Ајнтрахт Ф. 1-2

Борусија Д. – Бохум 3-0

Херта – Баерн М. 2-3

Хофенхајм – Лајпциг 1-3

Мајнц – Волфсбург 0-3

Се вчитува...