Минатиот месец доби отказ во фабрика, денеска потпиша за Арсенал

Арсен Венгер ја продолжи традицијата да доведува млади фудбалери за кои речиси никој нема слушнато, но францускиот стратег овојпат се надмина себе си, ангажирајќи го во Арсенал 20-годишниот Коен Брамал.

Станува збор за играч кој никогаш не настапувал во професионална лига на Англија, тој доаѓа меѓу „топчиите“ од седмолигашот Хеднсфорд, а интересно е што до пред еден месец работел во фабриката за делови за автомобили на „Бентли“, од каде добил отказ.

Бев работник на лента кога ми рекоа дека сум технолошки вишок и ме отпуштија. Секако дека бев разочаран, парите ми беа неопходни за да преживеам, но неколку седмици подоцна ми се јави менаџерот и ми рече да заминам на проба на Арсенал. Не ми се веруваше, тренирав со големите ѕвезди, први ми пријдоа Волкот и Велбек, кои дури и знаеја како се викам“ – изјави новиот „топчија“.

Брамал го импресионирал Венгер за време на пробата, па тој денеска потпиша договор за плата од 3.000 фунти неделно, сума што во фабриката на „Бентли“ ја заработуваше за цел месец.

Левиот бек до крајот на сезонава ќе настапува за младинскиот тим на Арсенал, но не се исклучува можноста тој да добие шанса и на некој натпревар за првата екипа на Арсенал.

Се вчитува...