Минимален пораз на ракометарките од Турција

Женската ракометна репрезентација на Македонија во комбиниран состав загуби минимално на првиот од двата тест дуели против Турција во Анкара.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски загубија денеска со 24-25 од Турчинките на мечот на кој на полувреме имаа два гола негатива (11-13).

Македонија во Анкара настапува со подмладена селекција составена главно од ракометарки од домашното првенство, а без капитенот Елена Ѓорѓиевска како и Симона Маџовска, Моника Јанеска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Анастасија Николовска, Емилијана Ризоска и голманките Матеа Чурлиновска и Марија Јовановска.

Македонија во Турција се подготвува за бараж-пресметката со Украина на 8. и 11. април против Украина за пласман на СП 2023. Вториот пријателски натпревар со Турција се игра во сабота.

Се вчитува...