Минимален пораз од Србија на вториот тест на ракометарките

Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе минимален пораз од 20-19 на вториот контролен меч што во период од неколку дена го играше со соодветната селекција на Србија.

Избраничките на селекторот Савевски одиграа поквалитетно отколку на првиот дуел што го загубија со 33-25, овојпат одбраната беше на едно далеку повисоко ниво, што придонесе мечот да биде израмнет резултатски до самиот крај. Србинките сепак беа поумешни во завршницата и на крајот славеа минимална победа.

Македонија е прва резерва на СП 2021 што ќе почне за два дена во Шпанија, но како што стојат работите во моментов „црвено-жолтите“ сепак нема да бидат дел од овој ракометен мундијал.

Се вчитува...