Шкендија ја продолжи победничката низа со минимален триумф (1-0) над Силекс во дербито на колото во Тетово, а идентични победи славеа речиси сите домаќини на денешните натпревари од Првата лига. И актуелниот шампион Вардар им се врати на победите славејќи со 1-0 против Ренова. Победа оствари многу значаен триумф од 2-0 над Работнички, додека Академија Пандев и Пелистер ремизираа (1-1).
Шкендија без повредениот Ферхан Хасани не блескаше на дуелот со Силекс, но тимот на Ќатип Османи сепак ја исполни целта. Триумфираше и направи уште еден чекор напред кон титулата со голот на Енис Фазлагиќ во 16.минута од натпреварот.
И Вардарци конечно победија. По експериментите со младинскиот состав, Чедомир Јаневски конечно се израдува на триумф од 1-0, со голот на Дејан Блажевски во 23.минута. Напаѓачот на „црвено-црните“ ја искористи грешката на одбраната на Ренова по центаршутот од десната страна, и од пет метрри ја спроведе топката во мрежата.
Победа славеше во Струмица против Работнички со 2-0. Прилепчани во првиот дел останаа со играч помалку поради исклучувањето на Благоја Гешоски, но во 62.минута му се придружи „романтичарот“ Себастијан Херера поради два жолти картони.
По ова, Победа ги искористи своите шанси. Во 82.минута, Алтин Лога со шут од 20 метри го совлада Даниел Божиновски, а во последните моменти од мечот Филип Најдовски го постави конечниот резултат.
Во Турново, Академија Пандев и Пелистер ремизираа 1-1. Филип Миленковски си постигна автогол во 48.минута за водство на Академија Пандев, но Пелистер израмни во последните моменти од судиското продолжение преку Алексдандар Ристевски.
ПРВА ЛИГА, 24.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1-0
ВАРДАР – РЕНОВА 1-0
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР 1-1
ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 2-0
УТРЕ: ШКУПИ – СКОПЈЕ
Табела: Шкендија 62, Вардар 46, Силекс 36 (-1), Шкупи 29 (-1), Академјија Пандев 29, Работнички 28, Ренова 25, Победа 25, Пелистер 22 (-1), Скопје 17 (-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА