Министерот за здравство на Хрватска: Турнирот во Задар e катастрофа, не смееше така да изгледа

Григор Димитров и Борна Чориќ се позитивни на коронавирус откако настапија на „Адрија тур“ во Задар, турнир кој беше во организација на Новак Ѓоковиќ. Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош вели дека на турнирот морало 30 отсто од трибините да бидат празни, а дека за кошаркарскиот турнир не ни побарале дозвола од нив.

„Тоа во Задар не смееше така да изгледа и одговорноста е на организаторот. Нашите упатства беа дека турнирот може да се одржи, но 30 отсто од трибините да биде празно. За кошаркарскиот натпревар никој не ни побара одобрение од нас. Ова е катастрофа“, велат од Стручниот штаб за борба со коронавирусот во Хрватска. 

Во Задар и во целата задарска жупанија ќе бидат воведени специјални мерки за заштита од коронавирусот и поради сето ова во Задар се вратени дел од забраните кои беа на сила за време на кризата од коронависусот.

Се вчитува...