Црногорскиот стратег, Миодраг Божовиќ – Гроф и официјално е новиот тренер на Вардар.
Божовиќ доаѓа на местото на Аргентинецот Фабијани со кого црвено-црните се разделија по неуспешните европски епизоди.
Според информациите од клубот, „црвено-црните“ ќе ги води до јуни 2028 година.
Последен клуб кој го водел беше црногорскиот Будуќност каде остана само неколку месеци, а во долгата кариера бил тренер на Црвена Звезда, Борац Чачак, Пафос, Естегал… Бил освојувач на Купот на Русија со Ростов, и шампион на Србија со Црвена Звезда.
Интересно, се спомнуваше и како кандидат и за селектор на Македонија во 2021 година по заминувањето на Игор Ангеловски, но тогаш Боби Милевски ја доби довербата за водење на македонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
