Иднината на Бојан Миовски во Глазгов Ренџерс зависи од новиот тренер. Тој ќе биде Дерек Мекинс, кој доаѓа од Хартс, додека сегашниот тренерн а Ренџерс Дени Рол се согласи да замине во Ред Бул Салцбург.
Претходно од Хартс во Ренџерс се пресели најдобриот стрелец Лоренс Шанкланд, и сега со него во „пакет“ доаѓа и тренерот. Шкотските медиуми ова го карактеризираат дека за Миовски ќе нема место во тимот, односно Шанкланд ќе биде во преден план за нападот, па веројатно Македонецот ќе ја смени средината ова лето.
Миовски дојде во тимот од Глазгов во август минатата година од Џирона, и одигра 26 меча на кои постигна седум гола и имаше една асистенција. Последен пат стрелаше на 12. април кога во дуелот со Фалкирк постигна ддва гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
