Миовски и Абердин несреќно поразени од Селтик

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски и неговиот Абердин доживеаја несреќен пораз откако загубија со 0-1 на домашен терен против Селтик во првиот натпревар по паузата поради Светското првенство како дел од 17. коло во шкотскиот шампионат.

Домашниот тим се бранеше во текот на целиот меч, па нашиот напаѓач не дојде до израз. Миовски го стартуваше мечот и одигра се до 73. минута кога беше заменет проади ситна повреда, а по неговото излегување гостите во 87. минута преку Калум Мекгрегор стигнаа до три бода.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...