Бојан Миовски беше сведок на неверојатен меч кој заврши со пресврт во последните секунди. Во заостанат натпревар меѓу Абердин и Глазгов Ренџерс, гостите на крајот ги однесоа бодовите победувајќи со 2-3 и тоа благодарение на головите во петтата и во седмата минута од судиското надополнување.
Сакала го донесе Ренџерс во предност во 12. минута. Дук во 45 и Кларксон во 53. минута се погрижија за пресврт и водство на домашниот тим од 2-1. Дук погоди после слободен удар кој го изнуди Миовски.
Македонецот го напушти теренот во 64. минута кога беше заменет, а во 95 и 97 минута Арфилд со два гола направи пресврт и ги донесе домашните фудбалери и навивачи во очај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА