„Миовски може да замине во јануари, само ако има добра понуда“

Менаџерот на Абердин, Џим Гудвин кажа дека Бојан Миовски дошол во шкотскиот фудбал како „патка во вода“ и се надева дека во пролетниот дел ќе има уште голови од македонскиот играч.

Миовски има постигнато 12 голови во 20 натпревар за Абердин откако дојде летоска од унгарски МТК. Клубови од Европа и од Обединетото кралство веќе се интересираат за напаѓачот, но Гудвин се надева дека нема да замине, односно дека ќе треба добра понуда за да биде пуштен во јануарскиот преоден рок.

И покрај тоа што изрази надеж дека ќе остане, Гудвин кажа загриженост со оглед дека станува збор за странски играч.

„Знаевме дека Миовски е добар играч, но секогаш сме внимателни кога ќе дојдат кај нас странски играчи. Тоа е затоа што тие доаѓаат од различна култура и различен стил на фудбал во овој случај унгарскиот од каде што дојде Миовски“, рече Гудвин.

Се вчитува...