Миовски не можеше сам: Му даде гол на Ренџерс, но Абердин не влезе во финале

Бојан Миовски постигна гол против Глазгов Ренџерс. Македонскиот интернационалец во 41. минута „елегантно“ го совлада Мекгрегор, голманот на Глазгов. Водство во тие мигови и голема радост за Миовски.

Но, Ренџерс со гол на Џек успеа да израмни во 61. минута, и тој резултат да важи до крајот на мечот. Потоа се замина на продолженија, во кои Глазгов преку Рофе во 94. минута успеа да постигне гол за водство и за победа, откако Абердин остана со играч помалку во судиското надополнување од регуларниот дел.

Миовски беше заменет веднаш по почетокот на продолженијата.

Се вчитува...