Миовски со гол и асистенција ги замолкна Грците, но Абердин прокоцка победа…, нов пораз на Динамо Загреб и Ристовски (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски одигра извонредна партија во дресот на Абердин, со гол и асистенција, но неговиот тим на неверојатен начин прокоцка победа против грчки ПАОК во 3. коло од Групата Г во Конференциската лига на УЕФА.

Абердин имаше водство од 2-0 против ПАОК, по голот на Миовски во 50. минута и потоа голот на Полвара во 58. минута, токму на асистенција на македонскиот напаѓач, но Грците потоа се вратија комплетно со три гола за неверојатна победа од 2-3 на крајот.

Клучниот момент беше, се чини, беше 72. минута кога тренерот на Абердин се одлучи да го брани водството па во 72. минута ги извади од игра најдобрите дотогаш Миовски и Полвара, па Грците со головите на Десподов во 73. минута,на Виериња во 84. минута и на Шваб од пенал во 95. минута дојдоа до победа од 2-3.


Standings provided by Sofascore

Динамо Загреб, пак, ја продолжува очајната своја сезона со нов пораз во Конференциската лига овој пат пред своите навивачи од Викторија Плзен со 0-1. Чесите до триумфот дојдоа со голот од пенал на Чори во 69. минута. По овој пораз сега виси тренерското столче на Јакировиќ во Динамо Загреб.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар како централен дефанзивец во составот на хрватскиот шампион.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...