Миовски: Треба да играме поофанзивен фудбал

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа загуби со 0-2 од Шкотска во натпревар од 3. коло од новата сезона во Б-лигата на нации. Повторно одигравме слаб натпревар без ниту еден удар кон голот на противникот, кој тотално не надигра.

Серијата само продолжува и Македонија сега е во низа од седум меча без гол откако селектор е Гоце Седлоски. Напаѓачот Бојан Миовски вели дека треба да играат поофанзивно.

„Примивме многу рано гол. Мислам дека тоа беше еден од клучните моменти. Шкотска е доста силна и физичка екипа. Требаше да играме повеќе со топка, да ги тераме да трчаат. За жал влеговме во нивната игра. Загубивме многу топки на средината на теренот и вакви селекции знаат да го казнат тоа.

Не знам дали беше пенал или не, но примивме уште еден гол. Мислам дека треба да играме поофанзивно и да бидеме поопуштени во таа трета зона. Нормално, секој натпревар носи свој притисок. Треба да создадеме повеќе шанси за да постигнеме гол, а во фаза на одбрана треба сите да се браниме. Така сите заедно ја носиме одговорноста – од напаѓачите до одбраната“, рече Миовски.

Се вчитува...