Мирчевски и Бразилецот Чарлс со деби-погодоци за Вардар, за триумф на тестот со Кит Го

Фудбалерите на Вардар триумфираа со 1-4 (0-3) на пријателскиот натпревар со второлигашот од Пехчево, Кит Го, кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Деби гол во црвено-црниот дрес запиша најновото засилување на „вардарци“, Мартин Мирчевски кој во 17. минута го отвори резултатот. Во 33. минута погоди уште едно засилување, Бразилецот Дос Сантош Чарлс, а во 34. минута стрелаше и Бојан Колевски во 34. минута. Почесниот погодок за Кит Го го постигна Стојменов во 62. минута, и истиот фудбалер во 90. минута си постигна автогол за конечни 1-4.

Во ревијален меч, во чест на др. Васил Трпевски, попладнево во Росоман истоимениот второлигаш и Тиквеш, одиграа пријателски натпревар кој заврши со победа на кавадарчани од 1-3.

Стрелец на голот за Росоман беше Слободан Дуков, додека за Тиквеш головите беа дело на новакот Дарко Грозданоски, Благоја Љамчевски и Ристе Илијоски.

Се вчитува...