Мирчевски и Костовска триумфираа на Илинденскиот пливачки маратон

Божидар Мирчевски и Јана Костадиновска триумфираа на јубијелното 40-то издание на Илинденскиот пливачки маратон во Охрид.

Патеката во должина од 2,5 километри од Горица до градското пристаниште Мирчевски кој е член на ПК ВИП Работнички ја мина за 31:51 секунди, второто и третото место им припадна на Давид и Петар Кралевски од ПК Куманово.

Во женска конкуренција пливачката на Младост, Костадиновска заврши со време од 32 минути. Второпласирана беше Лина Божиновска, а третото место и припадна на Калина Стојчевска.

Следната сабота во Охрид ќе се одржи Интернационалниот пливачки маратон.

фото: OhridNews

Се вчитува...