Мирковски не е повеќе тренер на Куманово

Владимир Мирковски не е повеќе тренер на КК Куманово. Младиот македонски стратег се одлучил да се повлече од тренерската функција веќе информирајќи ги за сето тоа и кошаркарите и раководството на тимот.

Иако Куманово со високи амбиции ја почна сезоната, сепак резултатскиот скор од четири победи и три порази по седум кола, како и настапите во БИБЛ лигата не се согласно планот на раководството на клубот кое деновиве треба да одлучи дали ќе ја прифати оставката на Мирковски.

Мирковски во Куманово дојде од редовите на Академија ФМП, а претходно мина четири сезони во Кина.

Се вчитува...