Миркуловски: Да ја играме нашата игра без притисок

Кога на репрезентацијата и треба помош, тогаш нема откажување. Го докажа тоа уште еднаш големиот борец Филип Миркуловски, кој реши да ја одложи одлуката за повлекување и да и помогне на репрезентацијата на претстојното СП во Франција. Поради клупските обврски во Германија, Миркуловски го пропушти првиот дел од подготовките, но успеа да го надополни пропуштеното и најави дека Македонија подготвена оди на СП.

Пропуштив дел од подготовките, но одработевме добро треба да сме задоволни како сме подготвени. Подготвени ке патуваме на ова СП, без никаков притисок , да ја играме нашата игра и да оствариме поволен резултат“ – истакна Миркуловски на денешшната прес-конференција пред настапот на Македонија на СП.

Миркуловски ја посочува добрата атмосфера во која Македонија има доволно искуство, но и свежина што ја носат младите играчи во тимот.

На сите првенства досега цел ни беше да ја поминеме групата така и сега. Не треба да чувствуваме притисок, посебно ние посикусните. Тука се и помладите играчи кои треба да ни дадам малку свеѓина и „ветар во грб“ и на нас постарите. Без притисок во добра атмосфера да ги одиграме натпреварите. Стартуваме со Тунис, кој ние стар должник од олимписките квалификации. Па има тука и мотив повеќе добро да стартуваме на ова првенство“ – вели Миркуловски.

Македонската репрезентација за Франција заминува вечерва со лет преку Софија. Репрезентативците во Мец ќе ги одработат последните два тренинзи пред стартот на шампионатот и првиот натпревар против Тунис на 12 јануари.

Се вчитува...