Мишовска донесе сребро за Македонија на ЕП во карате

Михаела Мишовска оствари одличен резултат на ЕП во карате што се одржува во Задар, каде македонската репрезентативка успеа да стиген до сребрениот медал.

Мишовска блескаше во вториот дел од натпреварувањето со четири извонредни победи во низа, но тоа придонесе Михаела да загуби сила во големото финале, во кое против себе ја имаше Ема Сгардели од Хрватска. Домашната каратистка бодрена од фановите во арената лесно стигна до победаод 8-0, исход што воопшто не го намалува одличниот успех на Мишовска на овој европски шампионат.

Во машка конкуренција во категоријата до 75 килограми нашиот репрезентативец Петар Заборски стигна до борба за бронза, во која за жал беше поразен од Тијаго Дуарте од Португалија и на крајот мораше да се задоволи само со петтото место на овој шампионат.

Се вчитува...