Митевска и Јанев шампиони на Македонија до 18 години

Ана Митевска (ТК ЈУГ) и Кристијан Јанев (ТК ЈУГ) се победници на Отвореното првенство на Македонија за Јуниори/ки до 18 години одржано викендов во Тениска Академија Аеродром.

Митевска во финалето беше подобра од Теона Андова (ТК ЈУГ) со 2-1, по сетови 4-6, 6-1, 10-5. Јанев пак во финалето го совлада Максимилијан Алексовски (ТК Поинтер) со резултат 2-0, по сетови 6-1, 6-0.

Се вчитува...