Митко Јанчев: Контроверзен пораз на Тиквеш… Дали судиите судат по нарачки!? (ВИДЕО)

Сериозен е револтот во редовите на Тиквеш по денешниот пораз од Академија Пандев во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Оправдани се реакциите на кавадарчани ако се знае дека не им беше признаен очигледен погодок уште во првото полувреме, поради што е и реакцијата на градоначалникот на Кавадарци и финансиер на Тиквеш, Митко Јанчев.

„Од страна на судиите не беше признат очигледниот чист гол на нашите момци. Целиот натпревар беше лошо суден. Ги прашуваме од ФФМ дали нивните судии не знаат да судат или можеби „судат по нарачка“ и истовремено ги повикуваме да им се извинат на фудбалерите и навивачите на Тиквеш. Ваквите судии треба да се изземат од македонскиот фудбал, за да не го уништуваат фудбалот“, изјави Јанчев, а го пренесе страницата на Тиквеш“ – вели Јанчев.

Се вчитува...