Митков со Брегенц за историја – 60 гола на еден натпревар во Челинџ купот!

Австриската екишпа Брегенц за која настапува поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков, обезбеди пласман во третото коло од европскиот Челинџ куп со еден неверојатен резултат – постигнаа дури 6о гола на еден натопревар или вкупно 114 во двата дуели против молдавскиот претставник Чиобручиу и тоа за два дена.

Брегенц и двата натпревари ги играше на домашен терен. Во првиот меч на кој формално домаќин беше молдавскиот тим, Брегенц славеше со 20-54. На реваншот синоќа, австрискиот тим беше уште поубедлив, победи со 60-14 и обезбеди пласман во следната рунда со вкупне скор од 114-34 или неверојатни +80!

Македонскиот бек на првиот меч постигна два, а на вториот пет гола.

Во следната рунда, Брегенц за противник ќе го има ланскиот финалист во Челинџ купот, АЕК од Атина.

Се вчитува...