Анжелика Митрашиновиќ ќе има нов предивик во кариерата откако најдобрата македонска кошаркарка реши да си замине од словачкиот шампионат, каде со голем успех ги бранеше боите на Плештанске Чајки.
Двете сезони минати во овој клуб беа максимално успешни, ако се знае дека Плештанске Чајки стигна до две титули во домашното првенство, но сепак беше донесена одлука за разделба на крајот од оваа сезона, во која Митрашиновиќ повторно беше меѓу најдобрите кошаркрски во својата екипа.
„Пред се би сакала да се заблагодарам на сите луѓе кои ги запознав во Пиештани, како во самиот клуб, така и навивачите, кои беа фантастични. Оваа авантура ќе ја паметам додека сум жива, благодарна сум за се и се надевам дека ќе се сретнеме повторно“, изјави Митрашиновиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА