Митревски го загуби последното дерби со Порто: Спортинг стана шампион на Португалија

Никола Митревски не успеа со нова шампионска титула да се збогува од Порто откако неговата екипа го загуби дербито од Спортинг Лисабон со 35-33, што значеше и прекин на четиригодишната доминација на Порто во ракометниот шампионат во Португалија.

Спортинг прикажа најмногу сезонава, имаше 27 победи во првите 28 сезони, но одличниот финиш на сезоната му овозможи на Порто да влезе во последното коло со шанси за одбрана на титулата. Предизвикот воопшто не беше мал, Митревски и соиграчите мораа да слават на тешкото гостување против Спортинг, мисија во која не успеаја откако тимот од Лисабон стигна до посакуваната победа што значеше и шампионска титула и место во ЛШ во наредната сезона.

За потсетување, капитенот на македонската репрезентација летово се враќа назад во татковината откако веќе потпиша договор со екипата на Е. Пелистер.

Се вчитува...