Митревски херој на португалското дерби: Со 15 одбрани го предводеше Порто до огромен триумф

Новиот македонски дуел во португалското ракометно првенство помеѓу Порто и Бенфика овој пат апсолутно го одбележа македонскиот голман Никола Митревски кој со два гола и 15 одбрани го предводеше својот тим до победа од 36-32 во првиот натпревар од финалната фаза на натпреварувањето.

Порто имаше лош почеток на натпреварот и негатива од 0-3, а интересно, првиот гол за „сино-белите“ во дербито го постигна токму Митревски кој го искористи празниот гол на гостите за погодок од целиот терен. Бенфика продолжи да го диктира темпото на стартот, но Македонецот не дозволи голема негатива за својот тим, а интревенциите донесоа изедначување од 17-17 на полуврмето.

Митревски имаше клучна улога и во пресвртот на својот тим, а откако моментумот во второто полувреме премина на страната на „сино-белите“ беа решени и дилемите за победник на средбата.

Солиден натпревар забележа и Македонецот во редовите на Бенфика, Филип Талески кој постигна три голови.

Се вчитува...