Мицевска: Горда сум што сум дел од оваа група неверојатни девојки

Женската ракометна репрезентација на Македонија направи голем чекор до ново учество на континенталните собири откако денеска во 2. коло славеше на гостувањето кај Литванија со 28-31.

Голманката на „црвено-жолтите“ Јована Мицевска која мечот го заврши со осум одбрани, од кои најголемиот дел во клучните моменти од натпреварот, по мечот вели дека е горда што е дел од оваа репрезентација.

„Многу сум среќна и горда што сум дел од оваа репрезентација. Како што напоменав и претходно единствена наша цел е пласман на Европско првенство. Затоа и во Литванија дојдовме да победиме. Дадовме се од себе и верувам дека ќе продолжиме со позитивните резултати во овој квалификациски циклус“, изјави Мицевска. 

Се вчитува...