Мициќ е најплатен кошаркар во Евролигата

Пред стартот на новата сезона во Евролигата, една од омилените теми кај медиумите и фановите се буџетите на екипите и платите на кошаркарите, информации кои клубовите се обидуваат да ги скријат.

Но, литванската интернет страница специјализирана за кошаркар,  „Баскетњус“ дојде до листата на десетте најплатени кошаркари за претстојната сезона.

Листата ја предводи српскиот репрезентативец Василије Мициќ кој од Хапоел добива 5.6 милиони евра нето годишна плата. Во платата се вклучени и бонусите.

Верднаш зад него се наоѓаат дури тројца кошаркари на Панатинаикос. Најџел-Хејс Дејвис има плата од пет милиони, Кендрик Нан ќе инкасира 4.5 милиони, а повратиникот во Евролигата, Жерсон Јабуселе ќе заработи околу четири милиони евра.

Меѓу десетте најплатени се наоѓаат Саша Везенков со 3.7 милиони, Елајџа Брајант со плата помеѓу 3 милиони и 4.3 милиони евра, Силван Франциско, Кабенгеле и Таварес со по три милиони и Мајк Џејмс кој ќе заработи 2.9 милиони евра.

Се вчитува...