Екипата на Соколи 2010 од Штип е новиот суперлигаш на Македонија откако раководството на МКФ одлучи токму штипјани да го добијат испразнетото место во елитното друштво по дисквалификацијата на Чаир.
По распишаниот оглас од федерцијата три клуба испратија апликации да го заземат местото на Чаир, но МКФ реши да ги одбие Феникс и Шкупи, официјализирајќи го суперлигашкиот статус на клубот од Штип.
Соопштението на МКФ потпишано од Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, го пренесуваме во целост…
Кошаркарската федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по разгледување на пристигнатите пријави и целокупната доставена документација, а согласно Статутот, Правилникот за натпреварување, Регистрацискиот правилник, Пропозициите за натпреварување, Правилникот за лиценцирање и одлуките на Управниот одбор на КФМ, комисијата за лиценцирање утврди дека КК „Соколи 1933“ – Штип ги исполнува условите за пополнување на испразнетото место во Супер лигата – мажи за натпреварувачката сезона 2026/27.
За испразнетото место конкурираа КК „Соколи 1933“ – Штип, КК „Феникс 2010“ – Скопје и КК „Шкупи“ – Скопје.
КК „Феникс 2010“ – Скопје во моментов не ги исполнува условите за пополнување на испразнетото место, согласно член 7.1.3 од Пропозициите за натпреварување, како и член 24 од Правилникот за натпреварување на КФМ.
КК „Шкупи“ – Скопје, кој во сезоната 2025/26 не учествуваше во системот на натпреварување, откако поради неисполнети финансиски обврски не го оствари правото на настап во Првата македонска лига – мажи, не ги исполни пропишаните услови за стекнување право на настап во највисокиот степен на натпреварување, согласно член 41 од Правилникот за натпреварување, член 7 од Регистрацискиот правилник, како и условите утврдени во постапката за лиценцирање.
Имајќи го предвид наведеното, како и надлежноста на Управниот одбор на КФМ за утврдување на системот и начинот на пополнување на лигите, Комисијата за лиценцирање предлага до Управниот одбор на КФМ, КК „Соколи 1933“ – Штип да го пополни испразнетото место во Супер лигата – мажи за сезоната 2026/27.
Со прифаќање на предлогот од страна на Управниот одбор на КФМ, Супер лигата – мажи во сезоната 2026/27 ќе ја сочинуваат:
КК МЗТ Скопје Аеродром – Скопје,
КК Маџари – Скопје,
КК Пелистер – Битола,
КК ТФТ – Скопје,
КК Кожув – Гевгелија,
КК Тиквеш Голден Игл – Кавадарци,
МКК Куманово – Куманово,
КК Работнички – Скопје,
КК Струмица 2001 – Струмица и
КК Соколи 1933 – Штип
НАПОМЕНА:
Кошаркарската федерација на Македонија, преку своите надлежни органи и комисии, постојано ќе го следи исполнувањето на условите за учество во системот на натпреварување. Доколку се утврди дека определен клуб не исполнува некој од пропишаните услови, федерацијата ќе постапи согласно важечките акти и прописи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
