Младеновиќ пред потпис со Гостивар

Марјан Младеновиќ експресно најде нов ангажман по заминувањето од Охрид, па се очекува експлозивниот плејмејкер во најскоро време да потпише договор со екипата на Гостивар.

Младеновиќ одби неколку понуди во текот на летово прифаќајќи да стане дел од новиот проект на АВ Охрид, но по неочекуваниот распад-систем во овој клуб тој експресно доби неколку понуди. Екс-плејмејкерот на Блокотехна ги договорил условите со гостиварци, а трансферот би требало да биде официјализиран до крајот на денот.

Со ангажманот на овој кошаркар Гостивар би комплетирал одличен плејмејкерски тандем, со оглед на фактот дека „сино-белите“ веќе во своите редови го имаат Александар Костоски.

Се вчитува...