Mладеновска: Оваа група на девојки е на добар пат

Женската ракометна репрезентација на Македонија успеа да оствари нов одличен резултат, триумфирајќи со 22-37 на гостувањето против Азербејџан, победа со која нашата национална селекција вторпат по ред ќе биде дел од еден континентален собир.

Најмладата во националниот тим Ива Младеновска по пласманот на Европското првенство вели дека оваа репрезентација е на добар пат.

„Овој пласман на Европско првенство значи многу за мене, сметам дека е голем успех бидејќи после толку време се пласиравме на едно големо натпреварување преку квалификации и тоа значи дека сме на вистинскиот пат. Се надевам на добра игра на Европското, имаме време да се подготвиме максимално и да целиме кон добар резултат“, изјави Кипријановска. 

Се вчитува...