Младеновски доби повик за А-репрезентацијата за Лигата на Нации

Марио Младеновски по неколку години пауза повторно ќе го облече дресот на македонската репрезентација како награда за одличните игри што нашиот дефанзивец ги прикажува како член на Вараждин во хрватскиот шампионат.

Младеновски своевремено беше стандарден младински репрезентативец на Македонија, но за сениорскиот состав нема настап уште од 2022 година.

Тој игра во топ-форма во дресот на Вараждин, а токму хрватскиот прволигаш се пофали дека Младеновски добил повик од селекторот Седлоски за претстојните натпревари од Лигата на Нации.

Македонија во овој прозорец ќе одигра четири средби од ова натпреварување, две со селекцијата на Швајцарија и по една со Словенија и со Шкотска.

 

Се вчитува...