Младинките со двоцифрен пораз и од Шведска

Серијата убедливи порази на женската младинска ракометна репрезентација на Македонија продолжува и во разигрувањето на пласман од 9-16 место на Европското првенство (У19) во Словенија. Во првиот натпревар од оваа фаза, македонските ракометарки загубија од Шведска со 40-15.

Како и во претходните три мечеви во групата, и дуелот со Шведска беше решен уште по првото полувреме во кое Македонија постигна само пет гола за 30 минути. Швеѓанките без многу напор брзо се одлепија и на полувремето веќе имаа предност од 16-5. А, потао до крајот рутински стигнаа и до убедлива победа со 25 гола разлика.

Во следниот натпревар, утре (13 ч.), македонската репрезентација ќе игра против селекцијата на Романија.

Се вчитува...