Младинките убедливо поразени од Германија за крај на квалификациите за СП

Женската младинска репрезентација на Македонија со три порази го заврши настапот на квалификацискиот турнир во Исланд за пласман на СП. На последниот меч загубивме од Германија со убедливи 37-11.

Германките беа далеку подобар противник од стартот наметнувајќи силен ритам и на полувремето стигнувајќи до 17-5.

Во вториот дел се продолжи во ист стил за конечена победа на Германките од 26 гола разлика.

Македонија на крајот заврши на последното место на табелата во Групата 4.

Се вчитува...