Младинците „демолирани“ и од Португалија на ЕП – Б дивизија

Младите кошаркари на Македонија доживеаја уште еден срам на Европско првенство за кошаркари до 20 години – Б дивизија, доживувајќи нов убедлив пораз, овој пат од домаќинот Португалија со 39-73.

Избраниците на селекторот Дарко Радуловиќ повторно одиграа катастрофално лош натпревар со смешни 27% прецизност и дури 32 загубени топки, што допринесоа за нов убедлив пораз по оној вчерашниот од Белгија.

Лука Стојановски беше единствен со двоцифрен ефект во македонската селекција реализирајќи 11 поени.

Следниот дуел за Македонија е во вторник против Луксембург.

Се вчитува...