Младинците им се вратија на победите: Лесно совладан Косово

Македонската младинска кошаркарска репрезентација им се врати на победите на Европското првенство во Б-Дивизија откако славеше против Косово со 67-85. Избраниците на Василев одиграа одличен натпревар во кој ја имаа резултатската контрола од почетокот до крајот на мечот и сосема заслужено стигнаа до втората победа.

„Црвено-жолтите“ текот на мечот го најавија уште на самото отварање кога преку добрата игра на двата дела од теренот стигнаа до комотна предноста за 14-21 по 10. минути игра, а добрата игра продолжи и до крајот на полувреме за предност од 33-45. Второто полувреме не донесе промени на паркетот, во третата четвртина во неколку наврати имавме предност и од 20 разлика за мирен финиш и нови два бода.

Предводници на Македонија со 14 поени и 9 скока, односно 14 поени и 3 асистенции беа Амар Хот и Андреј Митревски, 13 поени и 4 скока додаде Андреј Андоновски, а како двоцифрен со 10 поени и 4 скока мечот го заврши и Марко Миловановиќ.

Во последното коло нашите репрезентативци ги чека дуел против Грузија во кој немаме право на кикс доколку сакаме место во разигрувањето за титула и пласман во А-Дивизија.

Се вчитува...