Младинците подобри од јуниорите во контролен меч

На барање на стручниот штаб на селекцијата „Под 20“ години, вечерва во СРЦ „Кале“, беше одигран уште еден контролен натпревар на кој на другата страна од теренот, во улога на спаринг-партнер, беше селекцијата „Под 18“ години.

Поискусните на крајот славеа со 74-67.

Во младинската селекција на Македонија, најефикасен со 15 поени беше Муареми (имаше и седум скока), додека 11 поени реализираше Ќириловски.

Со 24 реализации, 8 скока и 6 асистенции, капитенот Јаничиќ го предводеше составот на играчи „Под 18“ години, во кој „двоцифрен“ беше и Димовски, кој постигна 14 поени

Се вчитува...