Младинците поразени во првата контрола против Романија

Машката селекција на Македонија за играчи „Под 20“ години со пораз го започна своето неколкудневно гостување во Романија.

На средбата одиграна во Тарговиште, младинскиот тим на Романија беше подобар од македонскиот, стигна до сигурна победа (79-61).

Стојковиќ, со 20 поени беше најдобриот поединец во нашата младинска репрезентација. Поени уште постигнаа: Ќириловски 7, Стојанов, Кечовски и Зетов по 6, Муарем имаше 5, Младеновски 4, Јакимовски 3, Величковски и капитенот Луканоски по 2 поени.

Утре по 18 часот по локално време ќе одиграме уште еден меч против Романија.

Се вчитува...