Младинците повторно пресилни за Романија

Младинската репрезентација на Македонија со две победи над Романија ги заврши подготовките за Евробаскет – Б дивизија што ќе се одржи во Бугарија со почеток на 13 јули.

Откако вчера ги добија романските врсници со 75-66, македонските младинци денеска повторно славеа, овојпат со „плус 13“, за во победничка атмосфера да отпатуваат за Софија. Мамузиќ беше главна фигура при денешниот триумф со 18 постигнати поени, Ефремовски постигна 14, а Стојаноски 12 поени за Македонија.

На Европското првенство (дивизија Б) нашите кошаркари се сместени во групата А заедно со Азербејџан, Белгија, Летонија и Белорусија.

Се вчитува...