Младиот Ангелевски е ново засилување на Спартак Суботица

Младиот и талентиран фудбалер, кој е стандарден член на репрезентацијата на Македонија до 19 години, веќе и официјално беше промовиран во дресот на Спартак Суботица.

Ангелевски ги помина комплетните подготовки со тимот на Спартак, каде што уште на самиот почеток ги покажа своите квалитети. На пријателскиот натпревар против ерменскиот состав Алашкерт, тој веќе го запиша својот прв погодок во новиот дрес.

Во изминатата сезона, Ангелевски настапуваше во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), каде што одигра 13 натпревари за екипата на Пелистер. Со овој трансфер во српскиот шампионат, младиот играч прави важен чекор напред во својата интернационална кариера.

Се вчитува...