Младиот македонски тенисер Андреј Темов стигна до полуфиналето на турнирот за тенисери до 12 години што се играше во Прокупље, Србија. Тој на Прокупље Опен 2024 постигна три убедливи победи, а потоа беше поразен во победникот на турнирот во неизвесен меч.
Младиот македонски тенисер во првото коло го победи Матија Радивојевиќ од Србија со 2-0 во сетови (6-2 6-1), а во следната рунда беше поуспешен од Романецот Циука Стојанов со 2-0 во сетови (63 62), следен на листата победни беше Ѓура Котур од Србија 2-0 (6-1 6-1), додека Георг Абушенко од Русија беше подобар од Темов со 2-0 (6-3 7-5).
Инаку, Андреј Темов во месец март триумфираше на турнир во Анталија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА