Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Русија со 2:3 во пријателскиот натпревар одигран попладнево во Скопје.
Натпреварот помина во знакот на ударите од белата точка, со оглед на тоа што дури четири од петте голови беа постигнати од пенал. Русија поведе со головите на Окишор во 36-та и на Бобер во 57-та минута, по што Македонија преку Ташовски намали на 1:2 во 79-та минута.
Само две минути подоцна Ахмедов повторно ја зголеми предноста на гостите, а конечните 2:3 ги постави Ташовски со својот втор гол на натпреварот.
За новиот селектор Александар Таневски ова беше прв натпревар на клупата на репрезентацијата на Македонија до 21 година.
Македонија веќе на први октомври ја очекува квалификациски дуел против Црна Гора во Битола, додека на петти октомври ќе гостува кај Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
