Младите кошаркари почнаа да им набиваат комплекс на Србите

Долги години нашите млади кошаркарски селекции беа „топовско месо“ за врсниците од Србија, но летово тој тренд се менува. Кадетите први повлекоа нога со триумфот над северниот сосед, а сега и репрезентацијата за игачи до 18 години двапати во два дена успеа да ја совлада Србија.

По синоќешната победа над истиот ривал, избраниците на селекторот Василев денеска повторно издоминираа со одлична одбрана и заслужено триумфираа со 61-53. Србите беа подобар противник само во првата четвртина, што ја добија со 19-12. Македонија успеа да се врати, на одмор замина со минимална предност од 30-29, за потоа во второто полувреме да стигне до значајна победа.

Уште едно добро издание имаше Филип Наков, стрелец на 15 поени, додека Амар Хот е вториот со двоцифрен број на поени во нашата јуниорска репрезентација – 12.

Се вчитува...