Младите кошаркарски репрезентации ги дoзнаа противниците

Младите македонски кошаркарски селекции ги дознаа противниците што ќе ги имаат на европските шампионати што ќе бидат одржани во текот на летово, откако денеска беше извршена ждрепја за групните фази за голем дел од континенталните собири.

Редоследно, нашата машка селекција „Под 16“ години  ќе биде домаќин на ЕП во Скопје во периодот од 8 до 17 август. Македонија беше извлечена како дел од групата „Д“ , каде за противник ќе ги има националните состави на Естонија, Шведска, Украина и Австрија.

Нешто порано, од 26. јули, до 4. август, во Скопје, нашата федерација ќе биде домаќин и на ЕП од Дизијата „Б“ за кошаркари „Под 18“ години. Македонија на овој шампионат ќе биде дел од групата „Ц“ во која се уште и репрезентациите на Чешка, Босна и Херцеговина, Украина и Ирска.

Македонската младинска репрезентација ќе биде дел од Европското првенство од групата „А“ кое од 13.до 21. јули ќе се одржи во Гдиња (Полска). Ждрепката реши нашиот младински национален тим да биде во групата „Ц“ , заедно со селекциите на Шпанија, Турција и Белгија.

Нашата женска селекција „Под 18“ години летово (од 2. до 11. август) ќе игра во романскиот Плоешти. И тоа во групата „А“ во која уште се наоѓаат и репрезентациите на Грција, Ирска, Бугарија и Норвешка.

Се вчитува...