Младите „штркчиња“ го „испотија“ Работнички

Серијата победи на Работнички во прволигашката конкуренција продолжи и на денешниот заостанат дуел против МЗТ Скопје 2, на кој „центарци“ славеа во СЦ „Јане Сандански“ со резултат 61-70. Ова беше петти триумф во низа за тимот предводен од Димитар Мираковски, кого го очекуваат уште шест заостанати средби кои беа одложувани во текот на сезоната.

Младите „штркчиња“, кои во последните неколку кога забележаа значајни победи во борбата за опстанок, сосема солидно му парираа на големиот фаворит. Работнички имаше контрола над резултатот во поголем дел од мечот, а на крајот пресуди поголемото искуство и квалитет на „центарци“, кои во последната четвртина стигнаа до двоцифрена предност и рутински го приведоа натпреварот до крај.

Мулалиќ постигна 22 поени за Работнички, три повеќе од Бундовиќ, додека Младеновски го заврши мечот со девет поени и 11 скокови. Митески со 13 и Наумоски со 12 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје 2, во чии редови тотално потфрли Американецот Монтгомери со пет поени и шут од игра 1/15.

Се вчитува...