Младите сили на ШК Центар ќе бидат дел од елитата

Младинскиот шаховски клуб Центар од Скопје, го освои првото место на квалификацискиот турнир (Втора лига) за влез во Прва лига и ке се натпреварува со осумте најдобри екипи на Македонија во Првата лига. Емил Ристески (16) беше на завидно ниво и имаше забележителни партии, исто како и Андреј Велјаноски (16), Антон Златков (14), Леонид Петрески (16), Андреj Калин (12), Никола Павковски (14). Mладите сили беа поддржани и од искусниот македонски шахист Сашо Симјановски и капитенот на екипата, Џоле Миновски.

„На повидок е нова генерација македонски шахисти пред кои е светла иднина“, велат од ШК Центар.

Се вчитува...