Младите скијачи Димовски и Буклески со подиуми во Копаоник

Младите македонски скијачи Филип Димовски и Никола Буклески, со подиуми се вратија од велеслаломот и слаломот за скијачи до 14 години во Копаоник, Србија.

Димовски победи во конкуренцијата во велеслаломските трки и го освои првото место со време од 1:00,48 минути, оставајќи ги зад себе останатите млади скијачи од Балканот. Второто место му припадна на Миљковиќ од Србија, додека трет беше уште еден Македонец во името на Никола Буклески.

Димовски победи и во слаломот, минувајќи ја целта за 1:31,21 минути. Исто така Миљковиќ го освои второто место, а трет Буклески.

Се вчитува...